Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, утре против Лозана ќе го одигра реванш натпреварот од двомечот во 2. коло од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
Тренерот на „црвено-црните“ Гоце Седлоски на денешната официјална прес-конференција изјави дека и покрај победа од 2-1 на домашен терен, се уште ништо не е готово.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите. Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме оодготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам доба меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“, изјави Седлоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

