Црната низа на Лион во француското првенство продолжува и по натпреварот од 7. коло во кој седумкратниот шампион забележа пораз од 2-0 на гостувањето кај Рем.
Мунетси го предводеше домашниот тим до предност во правата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а победата ја завери Абделхамид во 71. минута.
Со новиот пораз кој за Лион е петти во сезоната тимот останува на дното на табелата. Рем пак стигна до 13. бод од почетокот на сезоната и останува на третото место.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА