Душан Влаховиќ најверојатно ќе ја смени бројката во претстојната сезона. Имено, српскиот репрезентативец сака да ја замени „седмицата“ која ја наследи по доаѓањето во клубот. Овој дрес остана празен по заминувањето на Роналдо.
Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да му овозможи на Душан да ја земе својата омилена „деветка“, која сега е на грбот на Алваро Мората.
На Шпанецот ќе му биде тешко да остане во клубот, иако Алегри го посакува за следната сезона. Договорот за позајмица на Алваро му истече, Атлетико бара 35 милиони за откупување на истиот, но Јувентус сигурно нема да ги даде тие пари.
Шпанецот веројатно ќе се врати во Мадрид. Во зимскиот трансфер период напаѓачот беше на мета на Барселона, но Италијанците не го пуштија кај Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА