Седмо издание на Првата Македонска Еспорт Лига во CS:GO

Македонската Еспорт Федерација, по седми пат, организира Прва Македонска Еспорт Лига во CS:GO. Регуларниот дел на лигата се состои од седум кола. Официјално, лигата започнува на 09-ти април 2022 година и тимот кој ќе победи ќе ја претставува земјата на претстојното Европско и Светско првенство.

Четири тимови од отворените квалификации и четири повикани тимови ќе бидат распоредени во една група. Македонската Еспорт Федерација, оваа недела, ќе ги објави комплетните состави на тимовите кои ќе се натпреваруваат. Од нив, најдобрите четири ќе учествуваат на завршниот дел од лигата, односно плејоф-от кој ќе биде одигран ЛАН во Јуни 2022.

Годинава на отворените квалификации во CS:GO се натпреваруваа повеќе од 160 играчи.

Се вчитува...