Бразилскиот фудбалски гигант, Коринтијанс, денеска го именува Кларенс Седорф за нов тренер.
Холанѓанецот доаѓа на местото на Фернандо Диниз кој во средата доби отказ откако Користијанс нанижа седум порази во низа во бразилскиот шампионат.
Користијанс моментно се наоѓа на 16-та позиција на табелата со 32 бодови, само еден повеќе од зоната на испаѓање.
„Да се седи на клупата на Коринтијанс е чест, но и претставува голема одговорност. Тука сум за да дадам се од себе и да направам тим кој ќе се боди за секоја топка, секоја минута, секоја победа“, изјави Седорф на промоцијата.
Кларенс Седорф тренерската кариера ја започна во 2014 година и тоа во Милан, а потоа ги предводеше и екипите на Шенжен, Депортиво Ла Коруња и селекцијата на Камерун која му беше последна тренерска задача. Тој од 2019 година е без ангажман.
Clarence Seedorf é o novo treinador do Corinthians! 🏴🏳️
Técnico neerlandês chega ao Timão com contrato válido até o fim de 2027.
Seja bem-vindo, Seedorf! 👊🏼
Saiba mais 👉🏼 https://t.co/EBWxRajFoZ
#BemVindoClarenceSeedorf
#VaiCorinthians https://t.co/KSwENOc7Pq— Corinthians (@Corinthians) October 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
