Седрик Бакамбу го напушти Вилјареал за 40 милиони евра

Тренерот на Вилјареал, Хавиер Калјеха, потврди дека нивниот напаѓач, Седрик Бакамбу ќе го напушти клубот и ќе се пресели во редовите на кинескиот клуб Пекинг Гуaн. Трансферот на Бакамбу ќе изнесува 40 милиони евра, а дел од средствата ќе бидат искористени за доведување негова замена.

„Трансферот на Бакамбу е речиси завршен и ќе биде официјализиран во најскоро време. Во неговиот договор имаше клаузула со која се надевавме дека ќе избегнеме ваква ситуација, но откако истата беше активирана ние сме немоќни да го спречиме Седрик да замине. Сега имаме задача да најдеме адекватна замена“, истакна Калјеха.

Репрезентативецот на Конго сезонава е во одлична форма постигнувајќи 14 погодоци во сите натпреварувања, а сега ќе стане вториот играч на „жолтата подморница“ кој заминува да игра во Кина, откако Александре Пато минатата зима потпиша за Тианјин.

  

Се вчитува...