Седум фудбалери на ПСЖ во тимот на сезоната во ЛШ, Дембеле прогласен за најдобар играч

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите, откако Французинот успеа да се закити со трофејот во ЛШ во финалето вчера.

Неговиот соиграч Десир Дуе е прогласен за млад играч на сезоната во ЛШ, додека УЕФА го одреди и најдобриот тим во сезоната. Покрај Дембеле и Дуе, од ПСЖ уште се и Витиња, Маркињос, Хакими, Нуњо Мендеш и Донарума. Во тимот на сезоната се најдоа и Јамал и Рафиња од Барселона, Рајс од Арсенал и Бастони од Интер.

Се вчитува...