„Седум години му се немаа јавено, а сега се тепаат за милионите на Марадона“

Борбата околу наследството што го остави Диего Армандо Марадона зад себе се уште трае, а адвокатот Матијас Морла жестоко ги нападна неговите ќерки Далма и Џанина, обвинувајќи ги за огромно лицемерие.

Се очекува токму тие две да добијат најголем дел од наследството, нешто што според Морла е тотално неправедно.

„Тие зборуваа најразлични лаги за мене, но знам дека ме мразат уште од 2014 година, кога Диего им ги укина кредитните картици, а јас му помогнав во тоа. Тие крадеа од сопствениот татко, а откако ги соочивме повеќе никогаш не му прозбореа. Јас му бев добар пријател, последните седум години бев со него на празници, го гледав како седум години на Божиќ гледаше кон својот телефон, а тие никогаш не му се јавија. Знам дека тоа го болеше, исто како и фактот дека Далма за инает на него ја крсти својата ќерка Рома. Истите тие што седум години му се немаат јавено, сега се тпаат за милионите на Марадона. Слободно можам да кажам дека тој во последните години функционираше беспрекорно само со неговите сестри, тие заслужуваат да го делат богатството“, истакна Матијас Морла, кој важи за еден од најдобрите пријатели во последните години од животот на фудбалската легенда.

Се вчитува...