Ник Линдал во наредните седум години не смее да се доближи на ниту еден тениски терен во светот откако доби суспензија поради местење на мечеви. Австралиецот, кој своевремено беше 187. рекет во светот, предавал мечеви на кои заработувал до неговата пензија во 2013 година.
Властите во Австралија досега испитаа околу 350 тенисери и тренери кои се сомнителни за местење на мечеви. Во минатото, Брендон Валкин заработи шестмесечна суспензија додека Исак Фрост – 13 месеци. Двете суспензии истекоа неодамна.
Линдал покрај седумгодишната суспензија заработи и парична казна во висина од 35.000 долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА