Њукасл беше во незавидна ситуација, и губеше 1-3 од Вест Хем, но на крајот успеа да победи со 4-3 благодарение на двата гола во финишот на Барнс.
Исак од пенал во 6. минута донесе предност, а Антонио и Кудус до крајот на полувремето донесоа пресврт и предност за Вест Хем. Боувен во 48. минута од средбата донесе и 1-3.
И кога се чинеше дека Вест Хем ќе дојде до трите бода, Исак од пенал намали во 77. минута, за Барнс во 83. и во 90. минута донесе пресврт и конечен триумф на Њукасл. На крајот домашните завршија и со играч помалку, но тоа не им пречеше да ја задржат предноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА