Мечувалците од Македонија, од клубовите Ескрим и Борец од Скопје, предводени од селекторот и тренерот на Ескрим, Билјана Кузмановска – Николовска и претседателот на Мечувалечката федерација на Македонија, Зоран Стојановиќ, освоија седум медал на меѓународниот традиционален престижен турнир во Осиjек, Хрватска. На турнирот во сениорска, кадетска и јуниорска конкуренција учествуваа мечувалци од 12 држави.
Најголем успех мечувалците од Македонија постигнаа во кадетска конкуренција во која во конкуренција на 42 натпреварувачи во финалето се пласираа Огнен Бундалески и Петар Дамјаноски од клубот Ескрим. По голема борба златниот медал го освои Огнен Бундалески.
Во јуниорска конкуренција повторно наш најуспешен натпреварувач беше Огнен Бундалески кој загуби во финалната борба од мечувалецот од Унгарија. На третото место се пласира Петар Србиноски /Борец/.
Кај јуниорките Дафина Блажевска /Ескрим/ се пласира во полуфиналето освојувајќи бронзен медал, додека ченот на МК Борец, Џејмс Ејот во сениорска категорија се закити со бронзен, а во јуниорска со сребрен медал.
Резултатите на македонските мечувалци во Осиек ја потврдија нивната доминација во регионот. На последно Европско првенство Македонија се пласира меѓу 16 најуспешни репрезентации оставајќи ги зад себе составите на Грција, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

