Седум навивачи уапсени поради нацистички поздрав во Париз (ВИДЕО)

Полицијата во Париз уапсила седум навивачи поради покажување на нацистички поздрави за време на натпреварот помеѓу Франција и Хрватска во Лигата на Нации.

Оваа вест ја потврди и началникот на париската полиција, Лоран Нуњез кој сепак не откри од која националност се приведените.

„Спотот е и мора да остане славје. На овие поединци им нема место во спортската арена“, објави Нуњез на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи се појави и видео од навивачите на Хрватска кое предизвика лавина на реакции во јавноста.

Се вчитува...