Стартот на кошаркарската сезона во Македонија повторно „виси“, по позитивните случаи на Covid-19 што се регистрирани во редовите на Академија ФМП. Прволигашот од Кисела Вода уште во петокот имаше еден позитивен случај, по што викендот го мина во самоизолација, а во понеделникот врз сите кошаркари и членови на стручниот штаб беше извршено тестирање.
Денешните резултати покажаа дури седум позитивни случаи на коронавирус во Академија ФМП, од кои шестмина на кошаркари, а еден позитивен случај на член на стручниот штаб на овој прволигаш.
„За жал, денешните тестови покажаа шест позитивни кошаркари и еден член на стручниот штаб. Сите членови на нашиот клуб остануваат во самоизолација согласно здравствените протоколи“, потврдија за ЕКИПА од раководството на ФМП.
Првото коло од новата сезона е закажано за следниот викенд, но со оглед на поголемиот број на позитивни случаи во еден од клубовите, најверојатно ќе дојде до ново одлагање на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

