Христијан Конески од Прилеп е среќниот добитник на 150 000 денари од најновиот инстант лоз Дијамант на Државна лотарија на Македонија.
Додека шетал со неговите пријатели, на улица нашол 100 денари со кој решил повторно да ја предизвика среќата. Го посетил нашето среќно место во Сити мол и го избрал вистинскиот лоз. Седумте прстени кои ги изгребал само му потврдиле дека тој ден среќата е целосно на негова страна и дека е побогат за 150 000 денари.
Христијан е редовен играч кој вели дека токму овие 150 000 денари се доволен мотив да не се откажува и да продолжи во потрата по главната премија на Дијамантот – 300.000 денари.
Инстант лозот Дијамант покрај 15-те добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е најновиот член на семејството на инстант лотаријата кој е пласиран на 18.10.2017 година и веќе семејството на добитници брзо се проширува.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА