Горан Пандев и неговата Парма славеа на домашен терен над Комо со 4-2 во натпревар од 33. коло во италијанската Серија Б.
Домаќините поведоа со голот на Васкез во 31. минута со 1-0, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел видовме вистинска голеада. Прво гостите со двата погодока на Љози во 61. и 68. минута направи целосен пресврт и поведе со 1-2.
Следуваше одговор на домаќините кои преку Бернабе во 77. и 81. минута го вратија водството (3-2). На 4-2 зголеми Тутино во 85. минута, а конечните 4-3 ги постави Љози со својот трет гол во 91. минута. Макеонскиот интернационалец стартуваше од првата минута и беше заменет во 72. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА