„Седумка“ на Јакимовски, голем триумф на Тренто

Тренто стигна до огромна победа на гостувањето против Венеција од 87-106, триумф со кој тимот на нашиот Андреј Јакимовски се врати на осмото место во трката за пласман во плејофот во италијанскиот шампионат.

Венеција влезе како фаворит во мечот ако се знае дека моментно се наоѓа на четвртото место на табелата, но Тренто одигра одличен меч, уште во првото полвуреме стигна до предност од 36-51 што дополнително ја зголеми до самиот крај на натпреварот.

Јакимовски мина на теренот 27 минути, период во кој успеа да реализира 7 поени, 3 скокови и една украдена топка.

Се вчитува...