„Седумката“ во Барселона е слободна, но Гризман не може да ја добие

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман дебитираше во дресот на Барселона со пораз од Атлетик Билбао од 1-0 во првото коло од шпанската Ла лига. Гризман новата сезона ја почна со „17“ на дресот, иако ја посакуваше седумката, која во тој момент му припаѓаше на Филипе Кутињо.

По заминувањето на Кутињо во Баерн Минхен, „седумката“ е слободна, но Французинот нема да смее да ја носи сезонава. Правилото во шпанскиот фудбал вели дека фудбалерот во текот на целата сезона мора да носи дрес со ист број, освен ако не го промени клубот.

 

Се вчитува...