Седумнаесет години се чекаше на ова: Одбојкарките победнички стартуваа во Европската сребрена лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија победнички ја стартуваше авантурата во Европската сребрена лига и ја забележа првата победа по пауза од 17 години.

Нашите одбојкарки вечерва на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица славеше против Луксембург со максимални 3-0, по сетови 25-16, 25-19 и 25-14.

Најдобра кај поентерите кај Македонија беше Теа Терзиевска со 14 реализирани поени, пред Тамара Стојанова и Ана Фасулева со по осум поени. Кај Луксембург, осум поени запиша Камила Еселин.

Се вчитува...