Сондерјиске на нашите Лирим Ќамили и Сефер Емини доживеа убедлив пораз на домашен терен од Рандерс со 1-4 во натпревар од 14. коло од новата сезона во данската фудбалска лига.
Единствена светла точка на овој меч за домаќините беше Сефер Емини кој беше стрелец на единствениот погодок за Сондерјиске во 16. минута. Стрелци за гостинскиот тим беа: Бани, Туре и Нордил на двапати.
И двајцата наши фудбалери беа стартери за својот тим и ги одиграа сите деведесет минути.
⚽️GOAL🇩🇰 | Sønderjyske 1-2 Randers | Sefer Eminipic.twitter.com/4du7bcejRG
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 2, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА