Сефер Емини стрелец во победата на Сондерјиске

Македонскиот репрезентативец Сефер Емини, постигна гол во победата на својот тим Сондерјиске над Наествед со убедливи 1-4. Играчот од средниот ред ги одигра сите 90. минути, а стрелаше во 72. минута од средбата, односно беше стрелец на четвртиот гол за својот тим.

За гостите од овој натпревар играше и неговиот соиграч Иван Николов, кој ги одигра првите 45. минути, а потоа беше заменет. Во финишот од првото полувреме Николов заработи и жолт картон.

Сондерјиске ја забележа првата победа во третиот натпревар во данскиот шампионат. За Емини ова беше првенец оваа сезона во дресот на Сондерјиске.

Се вчитува...