„Сефте“ за Жиру на Мундијалите – Франција води против Австралија (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион Франција стигнува до целосен пресврт во мечот против Австралија откако поведе со 2-1 во натпреварот од 1. коло во групата Д на Светското првенство во Катар.

Откако Адриен Рабио израмни на 1-1 во 27. минута, само пет минути подоцна му асистираше на Оливие Жиру за водство од 2-1. Ова за напаѓачот беше само прв погодок на Мундијалите, а вкупно 50 во дресот на „триколорите“.

France [2] – 1 Australia – Olivier Giroud 32′ from soccer

Се вчитува...