Откако, се чини, пропадна можноста да биде ангажиран од Баерн Минхен, Доминик Ливаковиќ би можел да направи трансфер во еден од елитните европски клубови Ајакс. Холандските медиуми откриваат дека Ајакс во него гледа идеално решение на голманската позиција за следните 5-6 години.
Откако Андре Онана замина во Интер, Ајакс се соочува со проблеми на голманската позиција. Го врати Ремко Пасвер речиси од пензија, па 38-годишниот чувар на мрежата стана прв голман на тимот од Амстердам, а беше дел и од холандската репрезентација на Мундијалот во Катар.
Ливаковиќ беше еден од најдобрите голмани на Мундијалот во Катар. Се истакна против Јапонија кога одбрани три пенали во пенал серијата, но и против Бразил кога беше еден од заслужните за пласманот на Хрватска во полуфиналето на Светското првенство. Ливаковиќ долго време е дел од Динамо Загреб, и речиси секој предоен рок е пред трансфер, но на крајот се решаваше да остане во Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

