Сега дефинитивно е крај: Кире Лазаров остана без трофеј на последниот меч во кариерата

Кире Лазаров вечерва и официјално ја заврши својата богата играчка кариера, настапувајќи за Нант во големото финале од Купот на Франција против ПСЖ. Македонскиот ас не успеа со трофеј да ги напушти ракометните терени откако ПСЖ доминираше во финалето во Париз и заслужено стигна до трофејот, триумфирајќи со конечни 36-31.

Избраниците на Раул Гонзалес, кои во француското првенство имаа перфектни 30 победи на 30 натпревари, прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме, во кое поведоа со пет гола предност (18-13). Нант заигра нешто подобро на стартот од вториот дел, Лазаров и соиграчите намалија на „минус два“, но ПСЖ предводен од Ремили набрзо се врати во ритам и ја врати удобната предност. Ентрериос се обиде и со „седум на шест“ во нападите на Нант, но „светците“ добро се снајдоа и во ваква ситуација, не дозволија камбек на противникот и заслужено стигнаа до победата.

 

Се вчитува...