Џанлука Скамака од денеска и официјално е нов член на Аталанта откако калчолигашот од Бергамо постигна целосен договор за трансфер од таборот на Вест Хем. Интер и Рома долго време беа во трка за ангажман на Скамака, но ситуацијата се промени откако Аталанта го продаде Хојлунд во Манчестер Јунајтед, по што експресно се договори со Вест хем за враќање на италијанскиот репрезентативец назад во Серија А.
Најпрвин „чеканите“ официјално се збогуваа од фудбалерот кој никогаш не блесна во посакуваното светло по трансферот од Сасуоло, по што само неколку минути подоцна Аталанта го официјализираше трансферот на овој фудбалер, вреден 25 милиони евра, плус пет милиони евра преку неколку бонуси.
Скамака е Италијанец, но кариерата ја почна во Холандија, во академијата на ПСВ Ајндховен. Во 2017 година се враќа во Италија како член на Сасуоло, помагајќи на младинците на овој клуб да го освојат познатиот Вијареџо куп. Одличниот голгетер потоа доби шанса и во првиот тим на Сасуоло, беше позајмуван во Кремонезе и во Цволе, по што се врати назад во Сасуоло, блеснувајќи со 16 постигнати погодоци во сезоната 2021/22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА