Раул Гонзалес и дефинитивно ќе ја предводи селекцијата на Србија откако поранешниот кормилар на Вардар и на нашиот национален тим го ставил потписот на договорот со северниот сосед.
Уште во текот на минатата седмица беше најавено дека Раул е главен фаворит за нов селектор на Србија, информација што официјално ја потврди Генералниот секретар на РСС, Иван Миливојевиќ.
„Договорот со Раул Гонзалес е потпишан по одигрувањето на натпреварот со Италија. Тој ќе стапи на сила од 1 јули 2025 година, односно откако Раул Гонзалес веќе ќе нема обврски кон екипата на ПСЖ. Вакумот во периодот додека Раул ја преземе репрезентацијата ќе го искористиме за да ја решиме моментната ситуација со Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП. Пред Раул е јасно поставена цел – пласман на ОИ во 2028 година“, изјави Миливојевиќ за „Арена Спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА