Сега е јасно кој ќе биде првиот фудбалер на Реал кој ќе замине на крајот од сезоната

Реал Мадрид оваа сезона игра со осцилации, а како резултат на тоа под удар е тренерот Чаби Алонсо, кој го замени Карло Анчелоти на почетокот на новиот шампионат. Меѓутоа јасно е дека се потребни промени и во играчкиот кадар, а тоа Реал ќе го стори.

Веќе е јасно кој ќе биде првиот фудбалер кој ќе си замине од Мадрид на крајот од сезоната. Станува збор за дефанзивецот Давид Алаба кој сигурно си оди од „Сантијаго Бернабе“ и ќе има нов клуб за идната сезона.

Алаба оваа сезона не успеа да се наметне, и откако се врати од тешката повреда никако не успева да фати место во првиот тим, па така Австриецот ќе си замине, со оглед дека Реал нема да му понуди продолжување на договорот, кој му истекува.

Следната дестинација на Алаба најверојатно ќе биде Германија. Неколку клубови се во игра за неговиот потпис, а каде ќе ја продолжи кареиерата 33-годишниот дефанзивец, ќе се знае по крајот на шампионатот. Алаба е дел од Реал Мадрид од 2021 година.

Се вчитува...