Лионел Меси ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако денеска потпиша нов едногодишен договор со тимот на Интер Мајами. Аргентинецот влезе во последните три месеци од актуелниот договор со американскиот, на маса имаше атрактивни понуди, но сепак реши да остане лојален на овој проект, потпишувајќи договор до крајот на 2026 година.
Со ова, се реализираат најавите дека најдобриот светски фудбалер планира да остане во МЛС-лигата за да биде во натпреварувачки ритам за СП 2026, по што токму во овој клуб ќе ја заврши својата фантастична кариера.
Меси е дел од Интер Мајами од 2023 година, откако претходно мина и две сезони како член на ПСЖ по заминувањето од Барселона.
Аргентинецот игра во извонредна форма и на 38-годишна возраст освојувајќи ја „Златната копачка“ во МЛС-лигата и воедно е апсолутен фаворит за МВП признанието во ова натпреварување.
HE’S HOME. pic.twitter.com/AUMJJYR5pF
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) October 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

