Хулен Лопетеги повеќе не е тренер на Севилја откако шпанскиот прволигаш реши да му врачи отказ на овој стратег по убедливиот пораз од Борусија Дортмунд. Поранешниот шпански селектор долго време беше во опасност од отказ поради слабиот старт на сезоната, тој уште во текот на летото не го криеше незадоволството од квалитетот на доведените засилувања, што потоа се одрази врз игрите и резултатите на тимот.
Севилја веќе извесно време бараше нов тренер, а шпанските медиуми најавија дека Лопетеги дури и во случај на триумф над Борусија ќе биде отпуштен, бидејќи на негово место е договорен да пристигне Жорге Сампаоли.
„Управата ме информираше дека повеќе не сум тренер на Севилја. Ова беа три фантастични години во кои се пласиравме во групната фаза од Лигата на Шампионите. Резултатите сезонава не се како што треба и тоа ме разочарува и мене, но во секој случај сакам да им искажам благодарност на луѓето во клубот и на навивачите за овие три извонредни години“, изјави Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

