Ветеранот во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ и следнат сезона ќе настапува во таборот на „кралевите“. Тоа го откри и газдата Флорентино Перез, кој што потврди дека Хрватот ќе го продолжи договорот на уште една сезона.
Модриќ имаше неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија, се споменуваше и враќање во Динамо Загреб, но тој ќе остане во Реал, каде што најверојатно ќе ја заврши кариерата.
Хрватскиот репрезентативец засега не размислува за пензија, а во Реал Мадрид е веќе 12 години, откако од Тотенхем во 2012 година се приклучи на „кралскиот клуб“. Вчерашниот трофеј во Лигата на шампионите му беше шести трофеј во ова натпреварување. Со Реал ги има освоено сите можни трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

