Сега и официјално: Чави Симонс е „трансфер-бомбата“ на Тотенхем

Тотенхем извиси во трката за неколку врвни фудбалери летово, но лондонскиот клуб сепак пред самиот крај на преодниот рок успеа да доведе топ-засилување во своите редови.

Чави Симонс, холандскиот репрезентативец од редовите на Лајпциг е нов член на актуелниот освојувач на Лигата на Европа откако Тотенхем во „пет до дванаесет“ успеа да го украде Симонс пред носот на Челси. „Сините“ долго време преговараа со Лајпциг, но мораа да чекаат да продадат дел од постојните фудбалери за да направат место во тимот. Тотенхем го искористи тоа и експресно го договори трансферот, прифаќајќи да плати 60 милиони евра, колку што Лајпциг од сите клубови кои беа заинтересирани за одличниот плејмејкер.

Овој 22-годишен фудбалер ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со Тотенхем, не криејќи го задоволството што кариерата ќе ја продолжи во Премиер-лигата.

„Пресреќен сум бидејќи сонував да дојдам во Англија и сега тој сон ми се оствари. Штом разговарав со луѓето од клубот и пред се со тренерот, немав сомнеж дека Тотенхем е вистинскиот тим за мене и експресно се договоривме. Едвај чекам да почнам со тренинзи и натпревари, да покажам за што сум способен во дресот на новиот клуб“, изјави Симонс, кој ќе го носи дресот со број седум на „спарси“.

Се вчитува...