Сега и официјално: Елмас и Лајпциг си пружија рака! (ФОТО)

Сега и официјално, Елиф Елмас е нов фудбалер на Лајпциг. Македонскиот фудбалер се сели во Германија од Наполи, кој ќе добие 25 милиони евра за овој трансфер.

Трансферот беше најавуван во изминатите неколку дена, а сега се реализираше. Елмас во потрага за поголема минутажа заминува во Бундеслигата.

Денеска пристигна во Лајпциг, ги мина лекарските прегледи и си пружи рака со челните луѓе на германскиот тим. Она што е најважно, тимот ќе игра во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Ривал ќе им биде Реал Мадрид, тимот против кого Елмас играше во групната фаза во ова натпреварување.

Се вчитува...