Сега и официјално: Хајдук донесе шпански тренер на местото на Гатузо

Хајдук денеска и официјално го реши тренерското прашање за новата сезона, потпишувајќи договор со Гонзало Гарсија, шпанскиот стратег кој пристигнува на „Пољуд“ на местото на Џенаро Гатузо.

Гарсија во минатата сезона го предводеше тимот на Истра од Пула, а во својата тренерска кариера има работено и во холандски Твенте, како и во португалскиот прволигаш Арука. Сплитските „бели“ го имаа токму Шпанецот како прв пик кога се решија за разделба од Гатузо, за денеска и официјално да биде потпишан договорот за тригодишна соработка со овој стратег.

„Со посебно задоволство можеме да потврдиме дека Гонзало Гарсија е новиот тренер на првата екипа. Потпишавме договор со господинот Гарсија до летото 2028 година, а новиот тренер ќе биде службено претставен во јавноста следната седмица, на самиот почеток од подготовките за новата сезона“, се вели во клупското соопштение на Хајдук.

Се вчитува...