Сега и официјално: Кокошков три години на клупата на Ефес

Игор Кокошков и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Анадолу Ефес откако српскиот стратег денеска потпиша тригодишен договор со евролигашот од Истанбул.

Ефес беше поврзуван со Кокошков повеќе од еден месец, но откако Чави Пасквал се раздели од Зенит се појавија сериозни најави дека Шпанецот би можел да пристигне на клупата на турскиот гигант. На крајот, сепак се остана на првичниот план, па токму Кокошков ќе биде замената за Лука Банки, кој на крајот од сезонава си замина од клупата на Анадолу Ефес.

Тој има богато искуство во НБА-лигата, а последните сезони ги мина како помошен тренер во Атланта хоукс. Иако имаше понуди да остане во САД, српскиот стратег сепак се реши за камбек во Европа, и тоа повторно во Турција, откако во сезоната 2020/21 беше предводник на Фенербахче.

Се вчитува...