Сега и официјално: Куња е првото засилување за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денеска го доби првото засилување за следната сезона. Досегашниот фудбалер на Вулверхемптон, Матеус Куња е потврден како нов играч на „Црвените ѓаволи“, потврди клубот од „Олд Трафорд“.

„Манчестер Јунајтед постигна договор со Вулверхемптон за трансфер на Куња. 26-годишникот има 13 настапи за сениорската репрезенатција на Бразил, а во својата клупска кариера има одиграно 270 натпревари и постигнато 72 гола во Англија, Шпанија, Германија и Швајцарија. Сите во Манчестер со нетрпение го очекуваат Матеус на Олд Трафорд“, стои во објавата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...