Сега и официјално: Лука Јовиќ ќе тресе мрежи во Грција

Лука Јовиќ и официјално ги разреши сите дилеми околу својата иднина откако српскиот голгетер потпиша двогодишен договор со АЕК.

Србинот блескаше во дресот на Ајнтрахт, но оттогаш кариерата му се движи во надолна линија, а по бледите изданија како член на Милан не му беше продолжен договорот со италијанскиот гигант. Тој имаше на маса неколку понуди, се најавуваше дека е пред потпис со новиот шпански прволигаш Овиедо, за на крајот сепак да се реши за преселба во Грција, каде тренер ќе му биде сонародникот Марко Николиќ.

„Разговарав со тренерот, ја видов страста во очите ан првиот човек на клубот. Тогаш знаев дека АЕК е вистинскиот клуб за мене и решив да дојдам овде. Знам дека АЕК е максимално амбициозен клуб, јас дојдов за да го предводам нападот и да давам голови кога е најважно“, изјави Јовиќ, кој во наредните две годиин во Атина ќе заработи шест милиони евра.

Србинот за партнер во нападот во следната сезона ќе го има поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Антони Марсијал.

Се вчитува...