Сега и официјално: Модриќ уште една година ќе „кралува“ во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе продолжи да настапува за Реал Мадрид и во наредната сезона, откако хрватскиот ветеран денеска и официјално го поптиша новиот договор со „кралскиот клуб“.

Модриќ во последните месеци повторуваше дека нов договор со Реал му е единствена опција одбивајќи далеку побогати понуди од Саудиска Арабија и од САД, а Флорентино Перез ја награди лојалноста ос потпис на нов едногодишен договор со ветеранот.

Со овој договор, Лука ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и на 39-годишна возраст, а Хрватот ќе има можност и да го урне рекордот на Ференц Пушкаш и да стане највозрасен фудбалер кој некогаш настапил за „кралевите“. Пушкаш својот последен меч за Реал го одигра на 39 години и 36 дена, рекорд што Модриќ ќе го урне ако настапи за „кралевите“ по 17 октомври годинава.

Лука Модриќ е член на Реал Мадрид од август 2012 година, кога за сума од 30 милиони фунти беше купен од екипата на Тотенхем.

Се вчитува...