Крилниот играч на Арсенал, Букајо Сака и официјално потпиша нов договор со Арсенал, кој го прави најплатен играч на тимот од Лондон. Договорот кој го потпиша е со важност до 2031 година.
Според новиот договор, тој ќе заработува неделна плата од 343.000 евра, што го прави играч со највисола плата во лидерот на табелата во Премиерлигата.
Сака е во Арсенал е од 2010 година, како осумгодишник, и од тогаш постигна 78 голови во речиси 300 клупски настапи за „топчиите“. Своето деби го имаше во ноември 2018 година, а во 2021 и во 2022 година беше прогласен за играч на сезоната на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

