Сега и официјално: Ван Нистелрој нема да го води Лестер во Чемпионшип

Фудбалскиот клуб Лестер и легендарниот некогашен холандски голгетер Руд ван Нистелрој, се разделија после заемен договор за раскинување на соработката. Холанѓанецот го презеде кормилото на „лисиците“ во ноември 2024 година, но не успеа да го спаси тимот од испаѓање.

Ван Нистелрој беше на кормилото на Манчестер Јунајтед, кога Ерик тен Хаг доби отказ, но само по неколку меча беше назначен Рубен Аморим, по што Ван Нистелрој не беше во плановите на својот поранешен тим, па се реши да го преземе кормилото на Лестер.

„Би сакал лично да им се заблагодарам на играчите, тренерите, академијата и целиот персонал со кој работев на Лестер Сити за нивниот професионализам и посветеност за време на мојот престој во клубот и да им се заблагодарам на навивачите за нивната поддршка, и да ја искористам оваа можност да му посакам на клубот се најдобро во иднина.“, рече Ван Нистелрој.

Се вчитува...