Сега игра за Ница, од јули ќе биде тренер во Баерн

Бразилецот Данте своевремено од 2012 до 2015 година беше стандарден првотимец во Баерн Минхен, а искусниот 42-годишен дефанзивец е подготвен за камбек во баварскиот гигант, овојат како тренер.

Данте се уште е активен играч и настапува за Ница, каде лани потпиша едногодишен договор, но веќе објави дека летово, по десет години минато во овој француски прволигаш и официјално ќе ја заврши играчката кариера.

Францускиот весник „Л’Екип“ објави дека Бразилецот веќе решил да продолжи во фудбалски води, и тоа како тренер, и тоа во Баерн Минхен. Се е договорено Данте да ја преземе контролата над младинскиот тим на баварците, а самиот факт дека ќе биде дел од една врвна младинска академија ќе му овозможи на овој 42-годишник што подобро да се адаптира на новата професија.

Се вчитува...