Сега навистина е крај: Кевин Пантер потпишува за Барселона

Кевин Пантер во последниот месец неколку пати демантираше дека ќе си замине од Партизан, но последните информации говорат дека Американецот сепак летово ќе ги смени клупските бои. Тој не се сели во Макаби како што беше најавено претходно, туку во редовите на Барселона, каде досегашниот капитен на „црно-белите“ доаѓа како главна желба на новиот тренер Жоан Пењароја.

Уште вчера беше најавено дека Пантер е на врвот на листата со желби на Пењароја, а откако овој стратег денеска потпиша двогодишен договор како тренер на Барса беа интензивирани преговорите со американскиот кошаркар. Како што вечерва информира српскиот портал „Моцарт Спорт“, Пантер и официјално ја прифатил понудата на каталонскиот гигант и летово ќе се пресели во редовите на Барса. Тој имаше уште една година од актуелниот договор со Партизан, па евролигашот од Белград ќе добие значителна отштета за предвремената разделба од својот капитен.

Останува да се види како ќе изгледа ростерот на „црно-белите“ во наредната сезона ако се знае дека веќе си заминаа и Камински и Доужер, а покрај Пантер на излезна врата се наоѓа и Зек Ледеј, кој е многу блиску до камбек во редовите на Олимпија Милано.

Се вчитува...