Македонската репрезентација се врати во игра за втората позиција на табелата во групата за пласман на ЕП 2024 по гостинската победа од 0-2 против Малта, и освоените четири од можни шест бода во септемврискиот циклус.
А, многу нешта ќе зависат од исходот од следниот натпревар против Украина кој се игра на 14. октомври, натпревар кој доаѓа како желба за одмазда по оној несреќен пораз во Скопје со 2-3, а по водството од 2-0.
Денеска и информацијата дека натпреварот со Украина на 14. октомври ќе се игра на „Фортуна Арена“ во Прага, Чешка, со почеток од 15 часот.
„Ние сме среќни што ќе може да бидеме организатори на натпреварот на Украина со Македонија. Комплетно сме подготвени да ги понудиме најдобрите услови за двете репрезентации“ – изјави денеска претседателот на Славија Прага, Јарослав Тврдик, клубот кој е домаќин на „Фортуна Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА