Сега ниту Ајнтрахт Франкфурт не го сака Роналдо, сигурно бил понуден на сите тимови од ЛШ

Кристијано Роналдо до пред неколку години беше сон за сите тимови ширум Европа, но тоа повеќе не е случај. Португалецот разочарува со својот однос во изминатите месеци, како во Манчестер Јунајтед, така и во португалската репрезентација, што придонесе тој да нема ниту една конкретна понуда од сериозен европски клуб по заминувањето од „Олд Трафорд“.

Напротив, неговиот агент Жорге Мендеш во изминатиот период го нуди Роналдо по бројни тимови, меѓу нив и Ајнтрахт Франкфурт, но актуелниот освојувач на Лигата на Европа ја одбил можноста да го доведе Португалецот во своите редови.

Роналдо беше понуден на Ајнтрахт. Го одбивме и искрено, имав чувство дека е нуден на сите клубови кои играат во ЛШ, но не знам дали некој покажал интерес да го ангажира“, изјави директорот на Ајнтрахт, Алекс Хелман.

Португалецот моментно се наоѓа во Дубаи, каде според неофицијалните информации преговара со тимот на Ал Наср, кој нуди вистинско богатство за да го доведе Кристијано во своите редови.

Тој најпрвин ја одби оваа понуда, но откако му стана јасно дека нема сериозна опција за преселба во Европа, сега Ал Наср е сериозен лидер во трката за потпис на Роналдо.

Се вчитува...