Франк Лампард конечно официјално е промовиран на менаџерската функција во Челси. Лампард се враќа на „Стемфорд бриџ“, секако како тренер, потпишувајќи тригодишен договор.
„Горд сум што се враќа во мојот клуб како тренер. Сите знаат колкава е мојата љубов кон овој клуб. Сите знаат за историјата која ја делиме“ – истакна Лампард на промоцијата, притоа дополнувајќи:
„Мојот фокус ќе биде исклучиво на сезоната која е пред нас. Тука сум напорно да работам и да донесам успеси за Челси. Со нетрпение го очекувам првиот мој работен ден со тимот“.
Лампард во Челси мина 13 години како играч, издвојувајќи се како една од најголемите легенди на клубот во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА