ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Како што дојде до негатива, така Вардар го израмни резултатот. Во 59. минута Роџерс Мато стрелаше прецисно од белата точка и го израмни резултатот.
Олаосебикан упати долга топка, а еден од играчите на Ла Фиорита играше со рака, по што беше досуден пенал за вардарци.
Мато шутираше прецизно во десниот долен агол, и покрај тоа што голманот Виван тргна на вистинската страна, сепак, не успеа да одбрани.
И веднаш по израмнувачкиот гол уште една шанса за Вардар по нафрлен корнер, но Мишковски не успеа да ја спроведе топката во голот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

