Манчестер јунајтед на 1. јули заминува на летни подготовки во Австралија, на пат на кој се очекува да биде и францускиот репрезентативец Пол Погба. Менаџерот Оле Гунар Солскјер побарал од сите фудбалери до тогаш да ги решат евентуалните излезни трансфери затоа што сака точно да знае на кои играчи ќе може да смета во новата сезона.
Но, кога Погба е во прашање, тренерот на Јунајтед дозволи тој рок да биде флексибилен, па може да се случи и сред подготовки да го напушти тимот. Погба неодамна истакна дека е „време за нови предизвици“. Клубот нема ништо против, но за неговите услуги бара дури 170 милиони евра, сума која моментално никој не сака да ја плати, иако најзаинтересиран е Реал Мадрид.
Сепак, по целата оваа „сапуница“ околу Французинот, на заминување на Погба од клубот сега инсистираат и играчите на Манчестер јунајтед. Никој не е во лоши односи со него, но сите се свесни дека ваквата „статус-кво“ ситуација никому не му оди од рака. Премногу енергија во клубот се троши само околу една личност, а Манчестер јунајтед тоа не го заслужува. Заминувањето на Пол Погба, сметаат играчите, би ги намалило тензиите во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА