Сега веќе нема спас: Потер добива отказ од Челси во следните 24 часа

Грем Потер нема да го преживее најновото фијаско на Челси и сигурно ќе добие отказ во следните 24 часа, откако „сините“ рутински загубија на лондонскиот дуел со Тотенхем со 2-0.

Навивачите на Челси веќе подолго време бараат смена на Потер, критикувајќи го сопствениот Тод Боли што воопшто го доведе овој стратег откако неочекувано го отпушти Томас Тухел. Американскиот милијардер долго му даваше поддршка на Потер, но веќе и него му стана јасно дека екс-тренерот на Брајтон нема капацитет да го извлече тимот од кризата.

Лондонското дерби со Тотенхем беше уште еден доказ за тоа, Потер повторно го ротираше тимот, но не успеа да најде добитна комбинација, „сините“ се мачеа да искреираат шанса во противничкиот шеснаесетник, а на спротивната страна примија два гола во второто полувреме.

За англиските медиуми нема дилема, Потер ќе добие отказ за најмногу 24 часа, а веќе се шпекулира и со бројни имиња кои би можеле да пристигнат на „Стемфорд бриџ“, и тоа Луис Енрике, Маурицио Покетино, Зинедин Зидан…

Се вчитува...