Сегед потврди: Македа две години во Унгарија

Уште еден ракометар на Вардар го официјализираше своето заминување од редовите на „црвено-црните“, откако Пик Сегед денеска на својата веб-страница објави дека постигнал договор за двогодишна соработка со Хорхе Македа. Шпанскиот десен бек веќе подолго време беше поврзуван со трансфер во Сегед, за денеска и официјално да бидат разрешени сите дилеми околу тоа каде Македа ќе настапува почнувајќи од следнатасезона.

Донесовме уште еден искусен ракометар. Имаме двогодишен договор со Хорхе Македа. Во последните години тој неколку години тој има бројни настапи против нас, беше светски шампион со Шпанија во 2013. Убедени сме дека носиме врвен играч“ – изјави Нодор Шеги, прв оперативец на Пик Сегед.

Пред Македа својот трансфер од Вардар во Пик Сегед го комплетираше и Жоан Канелјас, а покрај двајцата Шпанци од редовите на „црвено-црните“ летово ќе си заминат и тренерот Гонзалес (ПСЖ), Штербик (Веспрем), Марсениќ (Фуксе Берлин), Циндриќ (Кјелце).

 

Се вчитува...