Грчкиот Олимпијакос сака да се прикличи на СЕХА лигата. Клубот испратил официјално писмо во кое изразува интерес да стане дел од регионалното натпреварување и бара детали за апликација преку која би станал дел од натпреварувачката сезона 2019/2020 година.
Олимпијакос писмото го испратил уште на 6. март годинава, а според инфрмации од СЕХА, претставници на Лигата следната недела ќе патуваат за Атина.
Претходно СЕХА информираше дека од следната сезона во Лигата ќе се врати Веспрем, а ќе си приклучи и кинескиот Пекинг Спорт Универзитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА