СЕХА: Борко е херојот (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Борко Ристовски сосема заслужено го понесе признанието за „играч на натпреварот“ на полуфиналниот дуел со Загреб во кој чуварот на мрежата на „црвено-црните“ имаше неколку клучни одбрани во периодот кога бранителот на трофејот го правеше пресвртот, но одбрани и два удара при изведувањето пенали со што му овозможи на Вардар да оди во ново финале во регионалното натпреварување. Вардар в недела на патот до одбраната на титулата, во финалната пресметка ќе се соочи со Веспрем.

Се вчитува...