Вардар и Мешков Брест со првиот полуфинален дуел, утре (17.45 ч.) го отвораат седмото издание на Ф4 турнирот во регионалната СЕХА лига што викендов се одржува во СЦ „Јане Сандански“ . Скопје по втор пат е домаќин на завршниот турнир во СЕХА по 2013 година, а годинава Вардар ја брани титулата на домашен терен. Резултатите во регуларниот дел од сезоната на „црвено-црните“ им носат фаворитска улога во завршната борба за титулата. Вардарци завршија на првото место на табелата без пораз, со 17 победи и едно реми. Вардарци се подготвени за одбрана на титулата, најави тренерот Раул Гонзалес.
„Среќни сме што играме во нашиот дом пред нашата публика во Скопје. Ние сме фаворити, но мора да заборавиме на тоа и да и да се концентрираме на првиот дуел со Мешков Брест. Не очекува тежок меч против силен противник кој има добар тим и добар тренер, знаат добро да се подготват имаме искуство против нив. Но, мислам дека сме подготвени за овој финиш, имавме време добро да се подготвиме. Треда да одиграме максимално, да ги искористиме нашите контри и да одиграме како што знаеме“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во најаватa пред утрешниот дуел
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА